Алармантна состојбата со голема кашлица во Македонија, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести

t

Од вчера до денес уште два случаи на голема кашлица во Скопје. Состојбата алармантна, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека доколку продолжи овој тренд за лица заразени со голема кашлица, ќе имаме голем проблем. Денеска уште еднаш апелираа во вакциналните пунктови да се јавуваат деца кои не се имунизирани против голема кашлица.

„Има носи случаи, вчера беа 10, денеска се 11 со дијагностицирана голема кашлица и таа бројка ќе оди нагоре, со оглед на ситуацијата со вакцинацијата. Оваа болест е високо заразна и опасна по живот особено за лица односно доенчиња до 12 месечна возраст и може за жал да заврши фатално или да остави трајни последици“, изјави д-р Беким Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје.

На удар се и децата во школска возраст. Апелот од докторите е родителите сериозно да ја сфатат состојбата со вакцинацијата.

Две недели се потреби по вакцинација за да се разбуди имуниот одоговор на организмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…