Објавено на:

АЛАРМ ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА: Само три бродови поминале низ Ормутскиот Теснец

t

Само три комерцијални бродови поминале низ Ормутскиот Теснец во средата, покажуваат прелиминарните податоци за следење на бродскиот сообраќај објавени од Reuters.

За споредба, само еден ден претходно поминале 12 бродови, додека просекот во претходните десет дена бил околу 17 дневно.

Бројката е драматична бидејќи Ормут е една од најважните енергетски артерии на планетата.

Преку теснецот во нормални услови се транспортира огромно количество нафта и течен природен гас од земјите од Персискиот Залив кон Европа и Азија.

Уште позагрижувачки е начинот на кој дел од бродовите сега пловат.

Според Reuters, дел од нив ги исклучуваат AIS транспондерите, односно системите преку кои може да се следи нивната позиција. Тоа значи дека реалниот број може да биде нешто поголем, но истовремено покажува колку ризична станала пловидбата.

Ситуацијата дополнително се влошува со ескалацијата меѓу Саудиска Арабија и Хутите во Јемен.

Нападите врз саудиската енергетска инфраструктура и проблемите со нафтоводите дополнително ги ограничуваат алтернативните маршрути за извоз.

Интересно е што нафтата денес сепак поевтинува.

Brent се движеше околу 105 долари за барел, бидејќи Саудиска Арабија почна да нуди дополнителни количества преку Оман.

Но тоа не го решава основниот проблем.

Доколку Ормут остане практично блокиран подолг период, светската економија ќе мора да функционира со значително посложен и поскап систем за транспорт на енергенси.

А тоа на крајот може да го почувствуваат сите – од транспортните компании до граѓаните на бензинските пумпи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…

Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…

Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…

ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…

Работната група за јазични и малцински права…

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…

Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…

Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…