Аларм за цел свет: Луѓето се гладни, хуманитарната помош за Појасот Газа не е доволна
Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека 77 камиони со помош биле запрени од гладни Палестинци, кои зеле храна пред камионите да пристигнат на крајната дестинација.
Поради речиси тримесечната блокада на Појасот Газа од страна на Израел, повеќе од два милиони луѓе се гладни. Изминатите денови притисокот малку се намали откако Израел дозволи влез на одредена помош, но според хуманитарните организации не пристигнува доволно храна во палестинската енклава.
– Треба да ги преплавиме заедниците со храна во следните неколку дена за да ја смириме загриженостите и да ја вратиме довербата на заедниците дека доаѓа повеќе храна, се наведува во соопштението на Светската програма за храна.
Според агенцијата на ОН потребни околу 140.000 тони храна за да се прехранат жителите на Појасот Газа за два месеци и дека помошта е подготвена да пристигне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Израел гради огромен песочен ѕид за да…
Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…
Палестински доктор од Газа тврди дека бил…
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу…