Објавено на:

Албанец од Македонија доби висок чин во новата сириска армија

t

Абдул Самрез Јашари, роден во Македонија, познат и како Абу Катада ал-Албани ќе добие висока функција во новата сириска армија. Имено како што тој објавил на Фејсбук профил за кој се верува дека е раководен од него напишал дека бил унапреден во чин полковник.

Како што пишува Радио Слободна Европа новите лидери на Сирија, наводно, доделиле високи воени позиции на неколку странски исламистички борци, вклучително и еден Албанец од Македонија. Ова ја зголеми загриженоста во земјите на потекло на борците за можното прелевање на револуцијата на нивната територија, наведува медиумот.

Покрај Албанецот од Македонија, Ројтерс и АФП, повикувајќи се на извори во Сирија, објавија дека меѓу странците кои биле унапредени на официјални позиции имало и државјанин на Таџикистан и тројца кинески Ујгури.

Тие добија чин бригаден генерал, а најмалку еден од нив доби чин полковник, се наведува во извештаите на Радио Слободна Европа кои засега не можат да се потврдат.

Инаку Абдул Самрез Јашари, роден во Македонија, познат и како Абу Катада ал-Албани засега за него се пишува единствено на социјалните мрежи иако домашните институции засега се уште немаат официјална потврда или демант на оваа информација.

Абдул Самрез Јашари, роден во Македонија – познат и како Абу Катада ал-Албани наводно бил назначен за полковник

Јашари, кој има 48 години, е водач на групата „Џемати Албан“, милитантна група составена главно од Албанци.

Групата е сојузник со Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) – исламистичка група прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија, која го собори сирискиот претседател Башар ал Асад во декември 2024 година.

Абдул Јашари е под санкции на САД од 2016 година.

Според одлуката на Министерството за финансии, овој воен советник бил санкциониран како еден од водачите на Ал Нусра, огранокот на Ал Каеда во Сирија, а помагал и во собирање средства за семејствата на борците на Нусра.

Друг странец назначен за полковник беше идентификуван од таџикистанските блогери блиски до силите на ХТС како Саифидин Тоџибоев, борец од Таџикистан.

Засега РСЕ не можеше да ја потврди автентичноста на извештаите за наводното назначување на Тоџибоев за нов оперативен командант и неговото унапредување од мајор во полковник.

Извор од таџикистанските органи за спроведување на законот, кој сакаше да остане анонимен, за таџикистанскиот сервис на РСЕ на 5 јануари изјави дека владата е запознаена со веста за новото назначување на Тоџибоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските аеродроми рушат рекорди

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…

Индустриското производство е позитивно и тоа е…

„Турска серија“ во Штип: Турци ограбиле сограѓани,…

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.Т.(23),…

Од утре задолжителна зимска опрема за сите…

Од утре, 15 ноември, стапува во сила…

ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…