Албанец уапсен на граничниот премин Делчево!
МВР информира дека вчера, во 12.00 часот, на граничен премин Делчево, полициски службеници од делчевската полициската станица за граничен премин го лишиле од слобода Л.М.(53) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа што ја приложил била фалсификувана.
-Исто така, при преглед кај него и во возилото во кое се превезувал, во багажот биле пронајдени фалсификувани италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола на негово име, како и оригинална лична карта на лице од Италија, соопштуваат од МВР.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој признал дека документите се фалсификувани и дека ги набавил од лице од Албанија за одредена сума на пари.
-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од полицијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два земјотреси во две минути во Делчево…
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Левица: Кој ги убива рибите во делчевско?
Локалните сточари во делчевско, во атарот на…
АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се…
На огласот за избор на претседатели на…
Пронајдена неексплодирана граната во делчевско
На 17.05.2024 во 19.50 часот во Пoлициската…