Албанец шверцувал 940.000 ЕВРА: Патувал од Австрија до Црна Гора!
Против државјанин на Албанија Т.М. е поднесен обвинителен акт поради сомнение дека сторил кривично дело перење пари во вредност од 940.000 евра, соопшти Специјалното државно обвинителство.
„Предмет на обвинението е дека пријавениот во ноември минатата година во договор со неидентификувано лице задржал и префрлил пари добиени од продажба на наркотична дрога, во вредност од 940.000 евра, криејќи ги во камионот што го управувал и товарот што го превезувал, од Австрија во Словенија, од Словенија во Хрватска со непознато и од Хрватска во Црна Гора, па од Црна Гора во Албанија“, наведуваат од Специјалното државно обвинителство.
Како што дополнително додаваат, парите се пронајдени со контрола и претрес на Граничниот премин Божај меѓу Црна Гора и Албанија и привремено се одземени од службениците на Царинската управа и Специјалното полициско одделение при Управата за полиција, кои преземале одредени дејствија во соработка и по наредба на Специјалното државно обвинителство.
Во обвинителниот акт беше предложено на обвинетиот да му биде продолжен притворот и покрај казната да му се изрече и безбедносна мерка одземање на предметите – пронајдените пари и возилото со кое го извршил делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…
Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…
Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…
СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…
Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…
Осуден е лажен лекар од Охрид кој…
Пет и пол години затвор доби измамникот…
Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…
Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…