Објавено на:

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово

t

Албанија го поздрави постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за документите, оценувајќи го како добра вест за регионот од која полза имаат и Албанците и Србите.

Премиерот Еди Рама им честиташе на двете страни велејќи „секоја чест за двете страни, едноставно логични работи”, јави дописничката на МИА од Тирана.

-Добри вести, решавање на прашањето за слободно движење меѓу Србија и Косово преку дијалог, и со честитки до двете страни. Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес, напиша Рама.

Постигнатиот договор го поздрави и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка.

Преку објава на Твитер Џачка пишува дека договорот е добра вест за регионот и дека Косово и Србија имаат договор од кој корист имаат и Албанците и Србите. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…