Албанија го советува Курти: Слушај ги сојузниците!
Албанскиот претседател Бајрам Бегај и албанскиот премиер Еди Рама немаат различни ставови за однесувањето на косовскиот премиер Албин Курти во дијалогот со Белград, и двајцата го повикуваат да ги слуша своите сојузници во меѓународната заедница и да не бега од дијалог, пишуваат косовските и албанските медиуми.
Повикот до Курти да не бега од дијалог Рам го повтори и во неодамнешниот говор од салата на Обединетите нации, а го критикуваше и јазикот што Курти го користеше кон специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.
Новинарот додава дека и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, го повикал Косово да ги слуша своите сојузници, наведувајќи дека Албанија изразила силна поддршка за дијалогот Косово-Србија во ОН, кој е поддржан од ЕУ, како и од САД кои се стратешки сојузник на Албанците.
Бегај изјави и дека на Косово не му треба самоизолација, туку пријатели и поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…