Албанија најавува зголемување на присуството во Косово преку КФОР
Новиот амбасадор на Албанија во Приштина Петрит Малај денеска се сретна со командантот на КФОР Озкан Улуташ и по тој повод порача дека Албанија следната година преку КФОР ќе го зголеми присуството на Косово.
Малај на Фејсбук изјави дека разговарал со Улуташ придружуван од военото аташе, полковник Алтин Курти и дека разговарале за безбедносната ситуација на Косово.
„Генерал-мајор Улуташ и се заблагодари на Албанија за поддршката на КФОР. Потврдив дека Албанија ќе продолжи да го поддржува КФОР бидејќи Косово е највисок приоритет за нашата земја. Таа поддршка ќе продолжи бидејќи Албанија ќе го зголеми своето присуство во 2024 година“, рече Маљај.
Тој додаде дека во разговорот со командантот на КФОР посочил дека единствениот начин за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија е преку дијалог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…