„Албанија што гори е Албанија на сите нас“ – Ахмети загрижен по насилствата и протестите

t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока загриженост за случувањата во Албанија и упати апел до тамошните политички партии, институциите и демонстрантите да покажат воздржаност, да го прекинат насилството и преку дијалог да најдат излез од кризата.

„Со длабока загриженост ги следам последните случувања во Албанија. Во овој деликатен момент, кога ситуацијата достигна точка што бара исклучително внимание и одговорност, албанската политика мора да покаже зрелост, мудрост и висока свест за заедничкиот интерес“, порача Ахмети.

Тој побара политичките разлики и партиските интереси да се стават во втор план, оценувајќи дека актуелната состојба бара итно преиспитување на постапките на целата политичка класа.

„Албанија не е ничија сопственост, туку татковина на сите. Кога Албанија се соочува со тешкотии, сите имаме одговорност да придонесеме за нивно надминување. Албанија што гори е Албанија на сите нас, а нејзината загуба е загуба за секој од нас“, нагласи Ахмети.

Во обраќањето тој испрати порака и до студентите и останатите демонстранти, повикувајќи ги своите барања да ги изразуваат достоинствено и да не дозволат насилството и судирите да ја засенат суштината на протестите.

„Уништувањето не е решение. Зад секој бизнис стојат трудот, маката и жртвата на луѓето. Силата на еден протест е во јасноста на барањата, граѓанската истрајност и верноста кон демократските принципи“, порача лидерот на ДУИ.

Истовремено, Ахмети ги повика државните институции да постапуваат непристрасно, професионално и со целосно почитување на основните права на граѓаните.

Според него, полициската униформа треба да биде симбол на законот и служба на граѓаните, а не дополнителен извор на тензии. Тој нагласи дека секоја ситуација мора да се решава со одговорност и без натамошна ескалација.

„Ниту една форма на насилство, од која било страна, не може да биде одговор на кризата. Судирот не го заменува дијалогот, ниту уништувањето ја носи посакуваната промена“, истакна Ахмети.

Тој предупреди дека продолжувањето на политичките судири може дополнително да ја наруши довербата во институциите и демократското функционирање на државата, особено во период кога Албанија се стреми кон членство во Европската Унија.

Ахмети оцени дека политичкото лидерство во вакви моменти се мери според способноста да ги намали тензиите, да воспостави комуникација и да понуди конкретни решенија.

„Ова не е време за продлабочување на поделбите, туку за наоѓање заеднички јазик. Не е време за поттикнување судири, туку за градење решенија“, порача тој.

На крајот, лидерот на ДУИ повика на национална одговорност и заеднички напори за надминување на состојбата со што помалку последици за граѓаните и институциите.

„Албанија е на сите, а нејзината иднина е заедничка одговорност“, заклучи Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Албанија што гори е Албанија на сите…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока…

Излезеноста во Брвеница до 17 часот 39,34…

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на…

Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…

Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…

Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…

Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…