Албанската опозиција му стокми интерпелација на Јовески
Албанските опозициски партии од Алтернатива, Движењето БЕСА и Демократското движење доставија интерпелација за работата на Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.
Причина за интерпелацијата е кулминацијата на неговата неконзистентна, нетранспарентна, контроверзна работа и губењето на јавната доверба кон институцијата Јавно обвинителство што се случи со судскиот предмет за пожарот на модуларната болница во Тетово, каде трагично загинаа 14 лица.
„Ние сметаме дека улогата на јавниот обвинител, Љубомир Јовески, во овој случај стана предмет на сомнеж и за тоа е потребна одговорност и јавно објаснување. Оваа интерпелација има за цел во јавна собраниска расправа да ги покрене сериозните сомнежи дека Јавното обвинителство криел факти и информации во текот на целата постапка за да заштити на тој начин некои политичари и членови на бизнис елитите, кои биле вклучени во изградбата на модуларните болници кои беа предмет на оваа трагедија“, велат од трите партии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…
„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…
Министерството за внатрешни работи планира да ги…
Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…
Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…