Албанската полиција приведе македонски државјанин за шверц на мигранти кон Италија
Албанската полиција денеска приведе македонски државјанин осомничен за обид за нелегален транспорт на мигранти кон Италија.
Како што соопшти полицијата, при контрола на патниот правец Кашар–Тумане, во возилото управувано од Ј.Н. (41), државјанин на Северна Македонија, биле пронајдени двајца нелегални мигранти.
Осомничениот бил приведен на самото место, а со спроведената истрага е утврдено дека се обидел да ги прошверцува мигрантите во Италија за надомест од 2.500 евра по лице.
Според полициските информации, во случајот е инволвиран и М.А. (33), албански државјанин од Драч, по кого интензивно се трага.
Во координација со Обвинителството, истрагата продолжува со цел идентификување и процесуирање на сите лица кои евентуално биле вклучени во овој случај. Процедуралните материјали се доставени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брутално семејно насилство во Скопје: Маж со…
Скопската полиција уапсила 53-годишен маж поради сомнение…
Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…
МВР информира дека рано утринава околу 02:00…
Малолетник (15) од тетовско Боговиње е ранет…
МВР информира дека вчера попладне во 14:10…
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…