Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале во Албанија
Албанската полиција разби организирана македонско-косовска група чии членови краделе скапи возила во западно европските земји и ги продавале во Албанија.
Во акцијата насловена „луксуз” запленети се седум луксузни возила, уапсено е едно, а се трага по уште пет лица. Во полиција на распит се повикани и лица кои набавиле возила од оваа група.
– Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско – македонската и „Морина” на границата со Косово, соопшти полицијата.
Се додава дека за да избегнат следење пред да влезат на албанска територија го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени. Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата.
Полицијата потврди дека оваа шема се користела веќе пет години и основано се сомнева дека во Албанија на овој начин се внесени над 200 луксузни возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бритиш Ервејс ги откажа летовите до Дубаи…
Британскиот авио-гигант „Бритиш Ервејс“ ги суспендира летовите…
Момче од Штип било принудувано да зема…
На 21.06.2025 во 18.10 часот во Штип,…
На Богородица и Табановце од македонска страна…
На граничните премини Богородица и Табановце, од…
САД ја повикуваат Кина да го одврати…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ја…
ВМРО-ДПМНЕ е виновно за состојбите вo Скопје
Работите по една година од владата на…