Албанската полиција разби македонско-косовска група шверцери кои краделе скапи возила и ги продавале

t

Албанската полиција разби организирана македонско-косовска група чии членови краделе скапи возила во западно европските земји и ги продавале во Албанија.

Во акцијата насловена „луксуз” запленети се седум луксузни возила, уапсено е едно, а се трага по уште пет лица. Во полиција на распит се повикани и лица кои набавиле возила од оваа група.

Возилата кои достигнуваат високи цени на пазарот ги изнајмувале македонски и косовски државјани од агенции во различни земји на Европската унија, главно од Германија, а потоа ги внесувале во Албанија преку граничните премини „Ќафасан” на албанско – македонската и „Морина” на границата со Косово, соопшти полицијата.

Се додава дека за да избегнат следење пред да влезат на албанска територија го оневозможувале ГПС-от и автомобилите ги пријавувале за украдени. Процедурата за нивна продажба продолжувала со промена на бројот на шасијата.
Полицијата потврди дека оваа шема се користела веќе пет години и основано се сомнева дека во Албанија на овој начин се внесени над 200 луксузни возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Град Скопје објави јавен повик за субвенции…

Град Скопје објави Јавен повик за доделување…