Албанскиот амбасадор во Македонија пред разрешување поради протестите во Скопје!
Амбасадорот на Албанија во Северна Македонија, Денјон Меидани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје, објави албанската телевизија A2 CNN, повикувајќи се на извори од македонската престолнина и од албанското Министерство за надворешни работи.
Според информациите, причините за евентуалното повлекување се поврзуваат со незадоволство од коалицијата ВЛЕН и од ВМРО-ДПМНЕ поради ставовите на Меидани во дебатите околу правата на Албанците во Северна Македонија, особено во врска со прашањето за употребата на албанскиот јазик.
Телевизијата наведува дека Меидани јавно покажал поддршка за албанските студенти и за барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит на албански јазик.
Според истите извори, се разгледува можноста Меидани да биде именуван за амбасадор на Албанија во Косово, додека како можен нов амбасадор во Северна Македонија се споменува Петрит Малај.
Информациите засега не се официјално потврдени ниту од албанското Министерство за надворешни работи ниту од институциите во Скопје.
Случајот доаѓа во период на зголемени политички и етнички тензии поврзани со барањата за поширока употреба на албанскиот јазик во правосудниот систем, прашање кое предизвика студентски протести и остри реакции меѓу политичките партии во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…