Албанскиот амбасадор добил устен демарш поради мешање во внатрешните работи на државата
Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија, Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Дознаваме дека на средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација и потенцијално мешање во внатрешните работи во земјата на акредитација.
На средбата било нагласено дека во иднина е потребно јавните настапи и изјави да бидат во духот на одличните пријателски односи и меѓусебното почитување меѓу двете земји, како и согласно вообичаените дипломатски стандарди и практики.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џоко никогаш нема да биде заборавен: Откриена…
Во Струмица вчеравечер беше откриена биста на…
(Видео) Хеликоптер што гаснеше пожар го „избања“…
Додека директорот на Дирекцијата за заштита и…
Ирак негира банкрот: Преземени се само превентивни…
Централната банка на Ирак денеска негираше банкрот…
ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и…
Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот…
Пожар зад зградата на МРТВ, се запали…
Денеска изби пожар зад зградата на МРТВ…