Објавено на:

Албанскиот претседател: Во никој случај не прифаќаме да постои Република Српска на Косово

t

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, вчера се сретна со претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, каде по средбата се обрати пред медиумите, велејќи дека во никој случај нема да прифати постоење на Република Српска на Косово.

„Во никој случај, под никакви услови, како претседател на Република Албанија, не би прифатил на Косово да има Република Српска“, рече меѓу другото Бегај во своето обраќање по средбата со Ван дер Белен.

Тој нагласил дека ниту Америка не ја поддржува таа опција.

Тој додал дека верува оти самоуправувањето во рамките на тој договор, заедно со правата на заедниците според уставот на Косово, ќе биде вистинското решение.

Неговиот колега од Австрија изјавил дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е приоритет и посочи дека се свесни дека без договор не можат да бидат дел од ЕУ.

„Го поддржувам тоа што го кажа претседателот Бегај. Како што знаете, всушност, беше направен еден вид договор, но без официјален потпис на учесниците“, рекол Бален, пренесува Косова прес.

Тој додал дека одблиску ги видел српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа и косовскиот претседател Хашим Тачи во Алпбах, Австрија, кои разговараат заедно.

„Оттогаш е направен голем потег бидејќи директно разговарале, иако немало конкретни резултати, но страните разговарале“, изјавил тој.

Според Ван дер Белен, дијалогот меѓу Белград и Приштина е секако тежок, но тие се свесни дека без договор нема да имаат иднина во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Косово е уапсен еден од најголемите…

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…

Хил: На маса не е признавање на…

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Што се случува?! Три жени исчезнаа на…

Три жени биле пријавени за исчезнати во…

Се препукуваат рускиот и американскиот амбасадор во…

Амбасадорот на Руската Федерација во Србија Александар…