Албански експерт смета дека односот на Америка со Западен Балкан ќе зависи од развојот на конфликтот во Украина
Публицистот од Албанија Фатос Лубоња смета дека односот на Америка со регионот на Западен Балкан ќе зависи од развојот на настаните во Украина и дека проблемите со кои се соочуваат балканските земји мора да се решат со посредство на Европската унија, како во случајот со дијалог меѓу Косово и Србија, пренесува Теве 1 .
„Ние сме секундарен фактор во американската политика. Примарниот фактор е војната во Украина и како ќе се развива војната таму. Така, американските ставови кон Александар Вучиќ или кон Балканот ќе зависат многу од тоа како ситуацијата околу војната во Украина ќе се развие.зависи и од тоа дали ќе го смени ставот или не“, рече Лубоња.
Тој не очекува ЕУ да го казни српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот „проруски пристап“.
„Западот ја смета Србија за важен актер, не сака дестабилизација на Балканот. Со оглед на тежината што ја има Србија, бидејќи изврши моќно лобирање во САД, не можеме да се надеваме или мислиме дека Европа ќе го казни Вучиќ бидејќи тој е со Русија“, појасни тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари
Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…
Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…
Сите мини во меѓународните води на Ормуска…
Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…
Некој пукал во бик со воздушна пушка…
Жител на тетовското село Волковија пријавил во…