Албански интелектуалци со отворено писмо до Уставниот суд

t

Над 250 албански интелектуалци и универзитетски професори потпишаа писмо до Уставниот суд, во кое бараат да не се укине службената употреба на албанскиот јазик во Северна Македонија. Писмото, меѓу потписниците има и ректори и познати професори, кои го изразуваат своето незадоволство од можноста за укинување на законот за јазиците.

Тие потенцираат дека овој закон, усвоен во 2019 година, е важен за еднаквоста и правата на Албанците како етничка заедница. За нив, статусот на албанскиот јазик е клучен за меѓуетничката кохезија и стабилност во земјата. Професорите апелираат на Уставниот суд да донесе независна одлука, без политички влијанија, и да ги зачува јазичните и националните права на Албанците.

Тие истакнуваат дека досегашната практика на Уставниот суд во некои случаи предизвикала тензии, посочувајќи на пресудите кои имаат политички контекст и кои влијаеле на меѓуетничките односи во земјата. Писмото се завршува со апел дека вакви одлуки може да го нарушат довербата во институциите и да ја загрозат стабилноста на мултиетничкото општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…