Албанци најмногу бараат азил во ЕУ
Граѓаните од Албанија и Косово продолжуваат да водат, со јасна разлика од другите земји од балканскиот регион, во однос на барањата за азил во земјите од Европската унија.
Според последните податоци на Европската агенција за азил (EUAA), во текот на месец септември годинава, од Албанија се поднесени 586 нови барања за азил, а од Косово 584 барања.
-Бројот на барања за азил на граѓаните од Косово и Албанија во текот на месец септември е значително поголем во споредба со другите земји во регионот. Од Македонија се поднесени 286 барања за азил во една од земјите на Европската унија, 252 од Србија, исто толку од Босна и Херцеговина, додека од Црна Гора само 46 барања, објавија албанските медиуми.
За девет месеци од годинава бројот на барања за азил на албански државјани во земјите од Европската унија е околу 5.500. Најголем број се во Италија и Грција, по што следуваат Франција и Германија.
Од податоците кои претходно ги објави Европската агенција за азил, од минатата година чекаат да бидат разгледани околу 2.700 барања на граѓани од Албанија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…