АЛБАНЦИ ШПИОНИРАЛЕ ВО КОРИСТ НА БИА: Обвинение против Б.Ш. и М.К. за соработка со српската Безбедносно-информативна агенција
Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение за шпионажа против две лица кои, според пишувањето на медиумите во Приштина, биле соработници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), пренесе Бета.
Во соопштението се наведува дека двете лица Б.Ш и М.К се осомничени за шпионажа и М.К. и за неовластено поседување оружје.
Обвинителството предложи продолжување на притворот на осомничените до завршување на судската постапка.
Медиумите во Приштина објавија дека обвинението е покренато против Бедри Шабани и Мухарем Ќерими, кои се во притвор од нивното апсење минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…
Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…