Албин Курти и Чедомир Јовановиќ разговараа во Приштина

t

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението се наведува дека косовскиот премиер и српскиот опозициски политичар зборувале и „за потребата од јакнење на владеењето на правото на Западен Балкан, важноста од демократизацијата на општествата и институциите, политичкиот плурализам, почитувањето на човековите и правата на националните малцинства како гарант на мирот и безбедноста во целиот регион“.

На враќање во Србија по престојот во Приштина, Јовановиќ синоќа од граничниот премин Мердаре се огласи на палтформата „Х“, поранешен Твитер, со видео-клип во кој на почетокот информира дека со Курти се познава веќе 30 години.

– Сешто поминавме во животот и тој и јас. По овие разговори, јас верувам дека крвта која е пролеана во Бањска (во северно Косово, на 24 септември) е последна крв која се пролева во судирот на српскиот и албанскиот народ на Косово… и дека тоа е последната цена која ја плаќаме за тоа историско недоразбирање меѓу нашите два народи, вели Јовановиќ, порачувајќи дека „за Косово (во Србија) не смее да се молчи, мора да се каже вистината и мора да се тргне по друг пат“.

Видеото српскиот политичар го проследи и со коментар во вид на цитат од „неофицијалниот дел“ на средбата со косовскиот премиер.

– Курти: „Дали е Белград интересен и убав како тогаш кога бевме студенти?“ Јас: „И поинтересен и поубав, многу… како и Приштина!“, пренесе Јовановиќ дел од разговорот со Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ подготвува мерки: 11,6 проценти од младите…

Европската Унија предлага значително зголемување на акцизите…

Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови…

Пожарот што избувна попладнево во близина на…

Tрамп со брутална порака до Иран: „Она…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Русија издаде налог за апсење на правнукот…

Русија го бара правнукот на Кенеди оти…

Седум активни пожари низ Македонија

На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот,…