Александар Рогановиќ ќе биде тренер на голманите на Вардар
Александар Рогановиќ ќе биде тренер на голманите на Вардар.
Стручниот штаб на Вардар1961 продолжува да се екипира, и сезонава тренер на голманите ќе биде Александар Рогановиќ. Тој лани веќе работеше како тренер на голмани кај „црвено-црните“ но поради приватни причини замина на крај од годината.
Вардар беше задоволен од неговата работа во клубот и повторно се договорија за соработка. Тој ќе работи со Борко Ристовски, Мартин Томовски и Васил Гогов, тројката со која и лани соработуваше во клубот. Црногорецот е веќе на тренинзите на клубот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…