Алексис Ципрас си поднесе оставка
Претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, денеска поднесе оставка од функцијата лидер на најголемата опозициска партија во Грција, објави „Ројтерс“.
Од поранешниот премиер се очекува во текот на денот ќе ѝ се обрати на јавноста. Ваквиот епилог следува откако Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис победи на последните парламентарни избори, додека Сириза на Ципрас освои нешто помалку од 18 отсто од гласовите.
Ципрас по изборите ги отфрли шпекулациите дека може да се повлече од раководството на левичарската партија, но и дека во следните неколку месеци ќе се свика конгрес на кој ќе се одлучува за неговата судбина.
Тој и поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, беа главните протагонисти во креирањето на Преспанскиот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Нов топлотен бран – температурите до 40…
Од утре нашата земја повторно влегува под…