Алиоски и Бабунски ја напуштија репрезентацијата – ќе учат за тренери!
Македонските репрезентативци Езгјан Алиоски и Давид Бабунски се приклучија на семинарот за тренери. Вкупно 26 лица се пријавени на семинарот, а меѓу нив има и поранешни фудбалери.
На семинарот се и Агим Ибраими, Даниел Мојсов, Арменд Алими, Јасмин Мециновиќ, Зени Хусмани, Седат Бериша, Фљамур Таири, Владимир Димитровски, Крсте Велкоски, Христијан Кировски, Изаир Емини и други.
Алиоски и Бабунски беа на списокот на селекторот Благоја Милевски за натпреварите со Украина, како и со Ерменија кој се игра денеска во Струмица, но очигледно престојот во Македонија го искористија за посета на семинарот.
Македонија во пријателски меч ќе се соочи против Ерменија од 15 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Извор; sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…