Објавено на:

Алиоски: Не доаѓаме да му ја завршиме кариерата на Роналдо, само да си го оствариме сонот!

t

Македонскиот лев бек Езџјан Алиоски порача дека Македонија не доаѓа во Португалија да му ја заврши кариерата на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец на сите времиња во светскиот фудбал, туку Македонија да си го оствари сонот за настап на едно Светско првенство.

Алиоски беше извонреден во Италија, посебно во моментот кога од никаде го изблокира Доминико Берарди во акцијата на „аѕурите“ кон нашиот гол по што доби бакнежи од голманот Столе Димитриевски, па левиот бек сега порачува дека Македонија сонува за Светско и дека ќе направи сѐ за да дојде до таа цел.

„Ништо сѐ уште не сме направиле, убава е таа победа со Италија, тоа чувство дека сте го елиминирале европскиот првак, ама ние на Светско првенство сѐ уште не сме пласирани. Ние сонуваме за Мундијалот и ќе направиме сѐ за да ни се оствари сонот. Јас реков дека можеме да ја победиме Италија, исто е и со Португалија – можеме да ја победиме. Ние вушност со кого и да игра(в)ме во квалификациите бевме аутсајдери, така е и сега со Португалија“, вели Алиоски.

Темпераментниот лев бек ќе го чекаат тешки дуели со извонредните индивидуалци од португалскиот напад, ама сите очекуваат најмногу од Роналдо зашто веќе е во години кога неиграњето на Мундијалот би значело полека и привршување на неговата репрезентативна кариера.

„Роналдо две децении е на највисоко ниво и ние не сакаме да му ја завршиме кариерата, сакаме само да си го оствариме сонот. Веруваме дека можеме да го направиме последниот чекор во Португалија“, додаде Алиоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ле Пен со драматично предупредување: Годинава може…

Француската политичарка Марин Ле Пен излезе со…

250 илјади евра грант од Шпанија за…

Министерството за образование и наука доби грант…

Британија ги подготвува граѓаните за криза? Правете…

Британските власти сакаат граѓаните да бидат многу…

(Видео) Вознемирувачко видео од Пробиштип: Намерно залетан…

Вознемирувачка снимка од Пробиштип е споделена на…

Германските превозници реагираат на високите цени на…

Германските транспортни компании упатија отворено писмо до…