Алиу за инцидентот во психијатриската болница Бардовци, таму треба инвестиции

t

Што презема министерството за здравство за зголемување на безбедноста на пациентите и вработените во психијатриската болница во Бардовци, по инцидентот што се случи вчера во кој осуденик хоспитализиран во болницата, со стаклено шише усмрти друг пациент – исто така осуденик.

Министерот Алиу вели дека случајот ја потврдува потребата од зајакнување на човечките ресурси во болницата, но без да каже конкретно кога и што ќе се преземе за да се превенираат вакви инциденти.

„Таму треба инвестиции и од аспект на инфраструктура, но исто така и од аспект на зајакнување на човечките капацитети таму. За жал овој настан ќе го забрза процесот, но треба да учиме и јас сум за министерството да превенира, а не да постапува после вакви случаи. Нека биде ова уште една лекција дека инвестиции во здравството се неопходни за процесите да бидат стабилни и сервисите да бидат во реално време дадени. Тука за жал се случило тоа, постапката е во тек“.

Самиот министер Алиу уште пред месец и половина беше во посета на болницата, каде и самиот се разочарал од условите во кои се третираат пациентите, но и во кои работи медицинскиот персонал, по што на социјалните мрежи напиша дека е потребна итна системска реакција.

Болницата во Бардовци подолг период се соочува со низа предизвици, системски, инфрастурктурни, организациски, но и кадровски……

Од болницата по инцидентот само кусо соопштија дека 35 годишниот пациент сега е под надзор на полициски службеници по наредба на надлежниот обвинител и дека во интерес на истрагата не можат да споделуваат повеќе информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриено спомен обележје во чест на Џоко…

Вечерва во Струмица беше откриено спомен обележје…

Рама и Пленковиќ ја прозваа Србија поради…

Премиерот на Албанија, Еди Рама остро реагирше…

Во Скопје мириса на запалено поради облакот…

Ветрот над Скопска Црна Гора кој дува…

(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да…

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин…