Алиу: Мислам дека ќе имаме позитивен тренд на враќање на доктори од странство

t

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за здравство, Азир Алиу, се осврна на долгорочното планирање и креирањето политики во здравството.

– Формиравме работни групи заедно со Министерство за образование и ќе дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети во здравството. Ќе се знае колку училници ќе се отворат, во кој град, за кои профили на средно стручно образование и колкав ќе биде бројот на отворени слободни места на медицинските факултети. На крајот на денот ќе знаеме за пет години колку доктори ќе имаме или за четири години колку медицински сестри ќе имаме, и врз основа на тоа да креираме политики, рече министерот Алиу.
Во однос на одливот на лекари во странство, министерот посочи дека платата нема улога во тоа, туку други два важни фактора – подобра инфраструктура и кариерен развој.

– Ние веќе работиме на отстранување на дел од овие работи, на пример во однос на постара инфраструктура, веќе најавивме нова инвестиција од 205 милиони евра во здравството. Мислам дека ќе имаме позитивен тренд на враќање на доктори од странство, додаде министерот.

Министерот Алиу во гостувањето се осврна и на оптимизирање на системот МојТермин, со оглед дека дигитализицијата е една од клучните активности и креиран е посебен сектор кој се бави само со дигитализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…

Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…