Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции
Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата.
На состанокот присуствуваа и заменик-министерот Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и во јавните здравствени установи.
„Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.
Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничката болница во Битола, д-р Валон Асани од Клиничката болница во Тетово, д-р Никола Христов од Клиниката „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник, и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама)
Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.
Од Министерството за здравство најавија дека процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат најбргу што може доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб-страницата на Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Армискиот хеликоптер полни вода од Вардар…
Силна воздушна поддршка е ангажирана во гаснењето…
Мицкоски за растот на БДП од 4,3%:…
Во вториот квартал, во второто тромесечие имаме…
ФЗО: За една година поднесени 1.883 барања…
За семејствата кои со години се обидуваат…
Остра реакција од Ирска: Државен погреб за…
Ниту државен погреб на осудениот воен злосторник…
НОВ ПАД НА БРОЈОТ НА РУДАРИ И…
Повиците за развој на одговорно и одржливо…