Алијансата ви гарантира безбедност, покриени сте од авионите на НАТО, ова е нашата силидарност на дело, порача Столтенберг од Скопје
Република Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Македонија, а Македонија може да се потпре на НАТО, изјави денеска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.
-Вие придонесувате кон безбедноста и стабилноста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност силидарноста на НАТО на дело, нагласи Столтенберг.
Тој посочи дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.
-Во Бих се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики, и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина. Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство. Белград и Прштина мора да се впуштат во дијалогот којшто е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решението ќе ги почитува правата на сите заедници, порача Столтенберг на прес-конференција во Владата.
БЕЗБЕДНОСТНАТО
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…
Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…