Објавено на:

Алијанса: ВЛЕН го легитимира планот на Стоилковиќ да отстрани 3000 Албанци од администрацијата

t

Алијансата за Албанците реагираше по изјавите на градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами за злоупотребите при вработување во Министерството за односи меѓу заедниците.

„Владата на ВМРО пред неколку дена предупреди дека ќе ја намали администрацијата за 3.000 вработени, а веднаш по оваа вест излезе министерот Стоилковиќ кој се закани со ревизија и отпуштање на 3.000 вработени Албанци, вработени согласно Охридскиот договор.

Наместо да им се спротивстави и да ги брани Албанците, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами излезе и застана во одбрана на Стоилковиќ и ВМРО, запечатувајќи ја навредата, омаловажувањето и дискриминацијата на 3000 Албанци од страна на државната администрација. Како и секогаш, за сите одлуки на ВМРО и Стоилковиќ, само се аминува, велат од крилото на Алијанса предводено од Зијадин Села.

Според партијата, со овие „чесни Албанци“ не само што 3000 Албанци можат да си заминат од работа, туку се доведува во прашање секое достигнување на Албанците.

-Целата фантазија на ВМРО можат да ја оживеат „чесните Албанци“, а оваа фантазија се претвора во акција и кај 3-месечни бебиња“, стои во соопштението на АА.

Запрашан за овие злоупотреби при вработување, Касами вчера порача дека имаат информации за манипулации и фиктивни вработувања во тоа министерство, но предупреди дека нема да се толерира во иднина некој да зема плата, а не оди на работа.

Министерот Стоилковиќ пред два дена покажа списоци на кои се гледа дека, иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.

-Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од Министерството до крајот на годината, истакна меѓу другото Стоилковиќ.

Претходно со Министерството раководеше членот на ДУИ, Артан Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…