Алијанса: Го повикуваме Касами, претседател на бравите, да не го пика носот во работите на другите
Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами во изјава за весникот ЛАЈМ го обвини првиот човек на Собранието на Алијанса за Албанците и екс лидер на партијата, Зијадин Села, дека во неделата влегол насилство во канцелариите на партијата во Тетово и на нехуман начин го прогласил лидерот на АА, Арбен Таравари за предавник.
Според него, Села и дел од луѓето околу него, не го сакаат најдоброто за нивната партија.
А по оваа изјава, со реакција се јавија толку од Алијанса за Албанците.
Тие го повикаа Касами како „претседател на бравите, да не го пика носот во работите на другите“.
„Биљал Касами е универзално и официјално познат по кршењето брави, влегувањето насилно и демолирањето на седиштето на неговата партија во 2018 година. Биљал Касами како градоначалник на општина Тетово ќе остане запаметен по кршењето на вратите од зградата во која се наоѓала невладина организација во Тетово. Не може да фрла кал врз Алијансата за Албанците, тој кој е познат и како симбол на поделбата на албанската политичка сцена, поради кого од Движењето Беса излегоа уште 7 партии“, додаваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…