Алијанса за Албанците го поддржува штрајкот на просветните работници

t

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска јавно им се закани на наставниците и директорите на училиштата во врска со најавениот штрајк што ќе започне во понеделник, реагираат од Алијанса за Албанците.

-Алијанса за Албанците ја потсетува јавноста дека пред две години предупреди и реагираше на ваквата состојба, барајќи промена на диктаторскиот закон со кој на наставниците им се ускратува правото на штрајк и им се заканува замена доколку штрајкуваат. На расправата за законот за основно и за средно образование, на 21 септември 2020 година, пратеничката Илире Даути од говорницата на Собранието повика да се смени членот со кој се предвидува смена на наставниците во случај на штрајк. Овој повик го игнорираа пратениците од мнозинството и денеска министерот за образование и наука, повикувајќи се токму на оваа законска одредба им се заканува на наставниците и им го попречува правото на штрајк. Алијанса за Албанците и тогаш и денес е во поддршка на наставниците, нивното право на достоинствени услови за работа и нивното синдикално право да изразат револт додека не се исполнат условите. Во исто време, инсистираме да се направат измени во законот со кои се дискриминираат и робуваат и наставниците и самите ученици, соопштија од Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…