Алијанса за Албанците: ДУИ го штитат партизираното судство и обвинителство

t

Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата Арбер Адеми денеска се обиде да манипулира со јавноста и да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи над Уставот и демократијата, обвинуваат од Алијанс за Албанците.

-Тој рече дека власта ја спроведува реформската агенда, додека синоќа со насилство и вандализам во комисијата прошверцува закон со кој се продолжува мандатот на судиите и обвинителите кои треба да се пензионираат и кои целата јавност се сеќава како се именувани со пазарењата помеѓу Блерим Беџети, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, а подоцна и со Зоран Заев и Боки 13.

ДУИ го штити партизираното судство и обвинителство бидејќи само во ваква форма можат да се заштитат од 20 години криминал и корупција.

Спомна и странски агенди алудирајќи на руските, па затоа сакаме да го потсетиме дека руската агенда е парцелата за Дака Давидовиќ, антизападните амбасадори и тајните средби на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор што и самиот негов претседател ги потврди.

По насилството кое Талат Џафери го манифестираше врз вработените во Собранието, неговата диктатура врз албанските опозициски пратеници, синоќешниот чин во Комисијата за европски прашања, е само потврда дека ДУИ нема никаква врска со Европа, реформи или демократија. Овој клан е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам, кој мора итно да се отстрани од институциите и од власта, велат од АА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг…

Артан Груби во интервју на ТВ Сител…

ДУИ: Мицкоски никако да се опамети

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака…

ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се…

Залутаната и изгубена опозиција, во служба на…

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…

Груби: Идната Влада ќе ја формира ДУИ…

Вицепремиерот за политички систем,Артан Груби во емисијата…