Алијанса за Албанците идната седмица ќе избере в.д претседател

t

Следната недела Алијансата за Албанците ќе одржи Централно собрание на партијата на кое ќе биде констатирана оставката на претседателот Зиадин Села. Потоа ќе се избере в.д. претседател и ќе се одреди датум за одржување на партиски конгрес. Се шпекулира дека кандидатот за претседател на оваа партија е Арбен Таравари, кој во моментов е градоначалник на Гостивар.

„АА ќе има Собрание следната недела, верувам до средината на неделата или крајот на неделата, денеска ќе го одредиме датумот и таму ќе се избере в.д. претседател на партијата, до одржување на конгресот. На конгресот членството на АА ќе одлучи кој ќе продолжи со раководството на Алијансата“, изјави Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Таравари нагласува дека укинувањето на фразата „20 проценти“ ќе биде услов пратениците од Алијанса да ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите.

„Актуелната политичка ситуација е проблем, колку што гледам проблем ќе биде гласањето со 80 гласа, нормално ќе си имаме наши услови како Алијанса, односно тоа нема да може да се случи, нашите 8 пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се отстрани фразата 20 проценти за употребата на албанскиот јазик… Мислам дека ќе има предвремени избори, според тоа што гледам, не очекувам да помине со 80 гласа, според тоа што го анализирам и разговараме, но ќе видиме“, рече Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Зиадин Села на 21 август објави дека поднесува оставка од функцијата претседател на партијата поради поразот на локалните избори на 20 август во Тетово. Од 31 советник, партијата остана без ниту еден, пренесува Алсат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…