Русија и Кина формираат енергетска алијанса
Русија и Кина се во процес на формирање енергетска алијанса бидејќи нивната соработка во енергетскиот сектор е длабока и разновидна, изјави во вторникот на прес конференција рускиот амбасадор во Кина, Андреј Денисов.
„Нашата енергетска соработка не е ограничена само на трговијата со ресурси. Таа е многу длабока и сестрана, особено во областа на новите извори на енергија, обновливите извори на енергија, соработката за преработка на енергетски суровини, исто така се развива“, рече амбасадорот.
„Ова ни дава причина да кажеме дека меѓу Русија и Кина се формира еден вид енергетска алијанса, односно широка програма за повеќеслојна соработка за енергетиката“, резимира тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…