Алијанса за Албанците не се задоволни од резултатот во Тетово
Носителот на листата на Алијансата за Албанците за советот на Тетово, Абдула Османи, на денешната прес-конференција рече дека не се задоволни од резултатите на изборите. Тој рече дека за поразот од Тетово ќе седнат и ќе размислат како партија да видат каде згрешиле.
„Резултатот не е задоволувачки за нас. Имаме резултат кој не беше во нашите очекувања. На овие избори бевме соочени со апсолутна власт од сите партии, бевме единствена опозициска партија, бевме пред војна со договори и вработувања. Ние како Алијанса за Албанците со поразот на овие избори ќе седнеме и ќе размислиме за овој резултат“, рече меѓу другото Абдула Османи, пренесе ТВ 21.
Со 76% од обработените гласови, Алијанса за Албанците има само 614 гласа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…