Алијанса за Албанците поднесе пријава до Антикорупциска за Назим Буши
Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување корупција поднесе пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, соопштија од партијата.
„Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра но, според заменик-министерот овој износ е платен од непознати лица, што претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи“, соопштија од Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…
„Јас сум убеден дека ако останат со…
Русија и Кина формираат енергетска алијанса
Русија и Кина се во процес на…