Алијанса: Партиското собрание ќе се одржи во сабота во Скопје
Алијансата за Албанците денеска испрати соопштение во кое се нагласува дека партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, а не во Куманово, како што вчера дел од членовите добиле порака испратена од актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари.
-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, соопштија од АА.
-Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок.
Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението испратено од имејл на АА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…