Алијанса удри по Груби: Да си даде оставка затоа што дал тендер на фирма блиска до Путин!

t

Од Алијанса за Албанците соопштија дека вицепремиерот Артан Груби ги потврдил пишувањата во медиумите дека Јавното претпријатие за државни патишта го доделило тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 на компанија со руски капитал.

Конзорциумот избран за овој тендер, како што наведуваат од опозициската партија, бил предводен од Институтот ИГХ со седиште во Загреб, а е во сопственост на руски олигарси блиски до владата на Владимир Путин и руската ФСБ.

Според партијата, Груби како политички одговорен и директорот за државни патишта, Ејуп Рустеми како административен одговорен, ја загрозиле, без преседан, националната безбедност со тоа што склучија договор со Институтот ИГХ.

АА се повикува на податоци на американскиот тинк-тенк Атлантски совет за тоа дека фирмата на Глијаделкин, Aвенју груп, е главен акционер во Институтот ИГХ и е меѓу главните изведувачи на руската влада. Според Атлантскиот совет, Глијаделкин е дел од пошироката стратегија на Кремљ за руска инфилтрација во Европа.

Според АА, партнерот на Институтот ИГХ, Институтот за патишта Велес е мала компанија основана во 2021 година со депозит од 5.000 евра и за којашто нема финансиски податоци.

„Нејзин сопственик е Сотир Ампов, сметководител од Гевгелија познат во правосудниот систем и претходно спомнат во кривични предмети. Од базата на податоци за јавни набавки, произлегува дека оваа компанија досега има добиено два тендери од Државни патишта за надзор на градежни проекти, што ги зголемува сомневањата за корупција. Значи повеќе од јасно е дека Кремљ и ФСБ стојат зад Глијаделкин и Институтот ИГХ. Затоа, вицепремиерот Груби како политички одговорен и директор за државни патишта, Ејуп Рустеми како административен одговорен, ја загрозија, без преседан, националната безбедност со тоа што склучија договор со Институтот ИГХ да ја надгледува работата на Бехтел-Енка. Да не беа финансиските санкции на сојузниците кон Русија, денес Путин и ФСБ ќе седеа со скрстени нозе на најстратешкиот проект за Албанците и нашите сојузници во Македонија и Западен Балкан“, нагласуваат од АА и додаваат дека вистинска среќа е што пропаднал договорот бидејќи Институтот ИГХ не ја депонирал навреме банкарската гаранција предвидена во договорот.

Но она што загрижува, велат од АА, е дека цел систем не успеа да го открие овој злонамерен обид за инфилтрација на Кремљ и ФСБ. „Бараме итна оставка од гореспоменатите функционери и го повикуваме Јавното обвинителство да го истражи неуспехот на институциите за национална безбедност да ја откријат заканата од Институтот ИГХ и да ги идентификува одговорните за ова безбедносно фијаско со коруптивни карактеристики“, соопшти АА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…