Али Ахмети е најголемото зло во оваа држава во изминативe 21 годинa, вели високиот функционер на АА Арбен Фетаи
Високиот функионер на АА Арбен Фетаи жестоко го нападна лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој е најголемото зло во оваа држава во изминативе 21 години!, вели Фетаи за Ахмети.
„Лидерите на ‘Огнената група’ во ДУИ Изет Меџити, на Беса Билал Касами и и на Алтернатива Африм Гаши не им нанеле штета на народот и на оваа држава ни 1 процент во однос на штетата направена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и во негово име. Али Ахмети беше и е стожерот на секое зло во овие последни 21 години!“, пишува Арбен Фетаи, шефот на кабинетот на исто така владејачката партија Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.
Фетаи, кој е едновремено и висок функционер во редовите на Алијансата за Албанците како раководител на нејзиниот Оддел за евроинтеграции, на фејсбук пишува за лидерот на ДУИ:
Али Ахмети е најголемото зло на оваа држава. Без неговото заминување ДУИ не може ниту да се реформира, ниту да биде партнер, освен за моментни стратегиски интереси!
Штом ќе се надмине уставната криза, ДУИ мора да оди во опозиција и да се реформира, пред да ги снема и последните луѓе, кои мислат за колективното добро на Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…