Алкалоид земал речиси 6 милиони евра тендери од клиниките чии доктори го фалат Лукровски од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

t

Клиниките чии директори го фалат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, дале милиони од тендерски постапки на Алкалоид, фирмата во која Лукровски е шеф на одделот за продажби, маркетинг и оперативни активности.

Вкупната сума која Алкалоид ја добива од Клиниките каде директори се докторите кои се снимени во штабот на ВМРО-ДПМНЕ за официјално видео за промоција на Лукровски изнесува 360.478.781 денар или речиси 6 милиони евра.

Во продолжение сите клиники:

Во 2025 година од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, Скопје, во 2025 година Алкалоид има добиено тендери во вредност од 1.503.650 денари. Директорка на клиниката е Д-р. Катерина Бошковска, која сега има пофални зборови за Лукровски.

Од Градската Општа Болница „8 Септември“ Алкалоид има добиено тендери во вредност од 65.476.082 денари. Директор на болницата е Д-р. Синиша Стојаноски.

Од ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести СВ. Наум Охридски Скопје, Алкалоид има добиено 36.058.332 денари. Директор на болницата е Д-р. Небојша Настов.

Алкалоид од Универзитетската клиника за психијатрија Скопје има добиено 785.545 денари. Директорка е Славица Арсовска.

Алкалоид од Универзитетската клиника за очни болести Скопје има добиено 66.668.983 денари. Директорка е Наташа Трпевска Шекеринов.

Од Клиниката за Хематологија Алкалоид добил 190.994.976 денари. Директорка е Соња Генадиева Ставриќ.

Од Клиниката за дерматологија Алкалоид добил 4.949.315 денари. Директорк е Катерина Дамевска.

Од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Алкалоид добил 3.041.898 денари. Директор е Димитар Киркински.

Во продолжение комплетните тендери на Алкалоид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно…

Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат…

Лефков: Национален дата центар е и обврска…

СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога…

Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…

Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ и Филипче секоја нова…

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат…