Ало леб немаме: Македонија и’ вети на Украина помош за обнова на енергетскиот сектор

t

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко во рамки на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој што се одржува во Загреб. На состанокот присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Двајцата министери разговараа за актуелни прашања за билатералната енергетска соработка, како и за градење на регионалната коалиција за енергетска безбедност наспроти тековната руска воена агресија против Украина.

Бектеши истакна дека Северна Македонија целосно ги поддржа сите сакнции на Европската унија против Русија и ќе ги поддржи сите санкции кои ќе бидат превземени во иднина. Ние како држава даваме целосна поддршка за Украина и воено и финансиски, но и во енергетскиот дел.

“Ние ја даваме целата поддршка која е потребна за возобнување на енергетскиот систем на Украина. Северна Македонија согласно можностите ќе учествува во сите напори за реконструкција на енергстскиот сектор на Украина. Ние сме на ваша страна” кажа министерот Бектеши на средбата со неговиот украински колега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трајанов: Сега е времето да ги бараме…

Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

Македонските аеродроми рушат рекорди

Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…

Индустриското производство е позитивно и тоа е…