Алтернатива: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ да замолчат пред одлуката на Стразбур, тие се одговорни за катастрофата во судството

t

Политичката партија Алтернатива излезе со свое соопштение по повод денешната одлука на Европскиот суд за човекови права во врска со аболицијата на поранешниот претседател Иванов.

– Наместо дневно политички препукувања меѓу двете најголеми македонски партии, кои намерно по свое ја толкуваат пресудата на ЕСЧП, конечно треба да и погледнеме на вистината во очи. Главната порака од Стразбур е – правдата пред се’ ја делат домашните правосудни органи, ние не можеме да ја преземеме нивната улога. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои 32 години се менуваат на власта, заедно со ДУИ кои 22 години се власт, треба да замолчат на оваа тема бидејќи имаат подеднакво одговорност за катастрофалните состојби со владеењето на правото, еднаквоста пред законите и правната сигурност.

Благодарение токму на овие три партии Македонија наликува на “Ел Дорадо” во кое партиите се најголем извор на корупција во државата. Времето за декларативни заложби одамна заврши. Сега е време за акција. АлтернАтивА има конкретен, издржан и правно формулиран предлог за директно соочување со политичката корупција на партиските кадри во власта. Најодговорните партии треба да престанат да избегнуваат да се произнесат за нашиот предлог. Со висок степен на консензус уставниот амандман на АлтернАтивА за спречување на застарувањето на кривични дела сторени од носители на функции во законодавната, извршната и судската власт, веднаш ќе стане реалност. Да не ја бараме Европската правда во Брисел, Стразбур, Париз, Берлин.., да ја донесеме дома! Секогаш има АлтернАтивА! – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…

Со нови проекти, нови производствени капацитети и…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…