Алтернатива: Нашите министри се меѓу најуспешните кадри во Владата

t

Владата функционира најнормално, нема причина за реконструкција, велат од партијата на Африм Гаши за „Локално“ во врска со информациите во медиумите дека во политичките кругови веќе започнало да кружат информации дека Владата планира да направи мини реконструкција откако министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски соопшти дека се повлекува од владиниот кабинет.-Сега за сега владата функционира најнормално и нема никаква причина за некој вид на реконструкција.

Нашите министри, Беким Сали и Адмирим Алити, се меѓу најуспешните кадри не само од Алтернатива, туку и во целата Влада. Затоа не гледаме никаква причина за отварање вакви непотребни теми, информираат од Алтернатива.

Претходно во јавноста се појавија информации дека е можна примена на министерот Сали кој е кадар на Алтернатива, а како негови можни заменици се споменуваа Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Алтернативата на членството во ЕУ нема,…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека…

Велика Британија бара алтернатива за Visa и…

Британската влада го повика банкарскиот сектор да…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…

Спортските објекти се издаваат на користење на…

БРУКА ОД СООПШТЕНИЕ: Алтернатива, наместо да бара…

И ова го дочекавме... Алтернатива во траги-комично…