Ал Хилал понуди 300 милиони евра за Мбапе!
Гигантот од Саудиска Арабија, Ал Хилал испрати официјална понуда од 300 милиони евра до ПСЖ за потписот на Килијан Мбапе и така наскоро би можел да падне нов рекорд, откако претходниот беше поставен пред неколку години при преселбата на Нејмар од Барселона во Париз за 222 милиони евра.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ал Хилал сака да потпише договор со Мбапе, а ПСЖ нема ништо против тоа да го продаде за 300 милиони евра, но парижаните сметаат дека Французинот веќе се договорил со Реал Мадрид.
Претходно се шпекулираше дека Ал Хилал ќе го купи Мбапе и ќе потпише едногодишен договор, по што ќе му дозволи да замине во Реал, меѓутоа најверојатно нема да се случи такво со оглед на висината на понудата која ја испратија во Париз.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…