Амбасадата на САД во Приштина: На овој ден пред 18 години го признавме Косово

t

Амбасадата на САД во Приштина потсети дека на овој ден пред 18 години, САД ја признаа независноста на Косово и воспоставија дипломатски односи.

„Денес, пред 18 години, Соединетите Американски Држави формално го признаа Косово како суверена и независна држава. Претседателот Џорџ В. Буш одговори позитивно на барањето на Косово за воспоставување дипломатски односи меѓу нашите две земји. Воспоставувањето на овие односи ги потврди посебните врски на пријателство што ги поврзуваат народите на Соединетите Американски Држави и Косово“, се вели во соопштението објавено на Фејсбук. Цитирана е и изјавата на тогашната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс.

„Додека Косово денес го започнува својот живот како независна држава, Соединетите Американски Држави се посветени да продолжат да бидат негов близок пријател и партнер“, изјави Кондолиза Рајс на 18 февруари 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…