Амбасадата на САД и Рубио честитаат 34 години независност: Северна Македонија е клучен НАТО-партнер

t

Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Во текот на три децении, изградивме силно партнерство, работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и други области“, се наведува во честитката од Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Во објавата на Фејсбук, амбасадата ја истакнува значајноста на оваа година, бидејќи се одбележуваат и 30 години дипломатски односи меѓу двете земји.

Во честитката беше спомената и изјавата на државниот секретар на САД, Марко Рубио, кој потврдува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на соработката со Македонија за зајакнување на колективната безбедност и промовирање на просперитетот.

„Во име на Соединетите Американски Држави, им упатувам честитки на народот на Северна Македонија додека ја прославувате 34-годишнината од вашата независност и 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две нации. Соединетите Американски Држави го ценат цврстото партнерство на Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност“, нагласи Рубио.

Тој додаде дека како сојузник на НАТО, државата ја демонстрира својата посветеност на заедничките безбедносни цели, вклучително и преку зголемување на трошоците за одбрана.

„Додека ја одбележуваме оваа пресвртница во нашите односи, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на нашата соработка за зајакнување на колективната безбедност, борба против транснационалните закани и промовирање на просперитет што создава работни места“, се додава во соопштението.

ОБЈАВА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…

Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…