Амбасадата на САД открива за што разговарале Блинкен и Османи: Поддршка за членството на Македонија во ЕУ
Силна поддршка од САД за Македонија, нашиот европски пат и претседавањето со ОБСЕ.
Амбасадата на Соединетите Американски држави во Македонија на Твитер открива за што се разговарало на средбата Османи-Блинкен денеска во Скопје.
– Државниот секретар Блинкен се сретна со министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, да разговараат за претстојниот Самит на ОБСЕ и одличната билатерална соработка меѓу Македонија и САД. Секретарот Блинкен му се заблагодари на министерот Османи за неговото лидерство како претседавач со ОБСЕ и важните заложби за промовирање на мир и стабилност на Западниот Балкан и поддршката за Украина.
Секретарот повторно ја потврди силната поддршка на САД за патот на Македонија кон членство во ЕУ и важноста од зајакнување на демократските институции, реформите во владеењето на правото и економската интеграција на регионот, напишаа од Амбасадата.
Дека Македонија ја има поддршката од САД потврди и премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
– Оваа средба доаѓа веднаш по средбата со Блинкен, на која тој истакна дека имаме силна поддршка од САД на нашиот пат кон ЕУ и спроведувањето на потребните реформи. Со државниот секретар на САД се согласивме дека се развива плодната билатерална соработка, оттаму добивме информација дека Македонија е ценет партнер на НАТО.
Ние сме влада која смета дека го зацврсти владеењето на правото, ги зацврсти институциите, тоа се гледа од скрининг процесот, а коментарите се дека Македонија има усогласена правна рамка со ЕУ.
Како влада не дозволивме внатреполитичките спорови да ги запрат реформите ниту да го спречат процесот на скрининг кој успешно го предводеше вицепремиерот за европски интеграции но и сите останати вработени и остатаните министерства, истакна Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…