Амбасада на САД за 360°: Остануваме посветени на Преспанскиот договор и евроатлантските интеграции на Македонија

t

Соединетите Американски Држави остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на Македонија.

Ова е одговорот од американската амбасада во земјава даден за „360 степени“ на прашањето за вчерашната инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која давајќи свечена изјава во Собранието наместо уставното име Република Македонија користеше само Македонија.

„Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од напредокот на државата со полноправно членство во Европската Унија“, велат од Амбасадата на САД во земјава.

За потсетување, додека претседателот на Собранието, Јован Митрески, вчера ја читаше свечената изјава во која е содржано уставното име Република Македонија, новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, при повторувањето, користеше само Македонија.

„Изјавувам дека функцијата претседател на Македонија ќе ја вршам совесно и одговорно. Ќе ги почитувам Уставот и законите и ќе ги штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија“, рече Силјановска-Давкова во свечената заклетва.

Амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду, веднаш по заклетвата ја напушти собраниската пленарна сала во знак на протест. Од грчката амбасада рекоа дека тоа го сторила по инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција.

Оттаму подоцна оценија дека некористењето на уставното име од Силјановска-Давкова е грубо кршење на Договорот од Преспа и Уставот на земјава.

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, упатија честитки до новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиното официјално стапување на функцијата.

Според Фон дер Лајен, за Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ, потребно е да се почитуваат меѓународните договори како Преспанскиот.

Во кратко соопштение прес-службата на Европската Унија изрази жалење поради тоа што новата претседателка на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, во свечената изјава не го употреби уставното име на земјава, туку користеше само Македонија.

Во кусото соопштение се додава:

„Европската Унија потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…